НИЕ СМЕ MOONLEX

Производител на респиратори FFP2 и FFP3.

 

MOONLEX е компанија родена од идејата и целта да развие тип на респиратор (заштитна маска) со максимална проводливост на воздухот (олеснато дишење) и највисока бактериска ефикасност против борбата со загадувањето на воздухот и SARS-CoV-2 (Coronavirus).

 

Работиме за да дизајнираме и произведиме уникатен респиратор што се издвојува од останатите: суштински производ, во согласност со највисоките стандарди во светот, на кој потрошувачите можат да му веруваат.

 

Од самиот почеток, понесени од желбата да се создаде најдобрата заштитна маска, ентузијазмот ги натера нашите основачи, партнери и поддржувачи да го создадат MOONLEX од нула во овие тешки времиња за да се соочат со новите глобални предизвици.

 

 

Зошто MOONLEX?

 

Бидејќи работата што ја работиме денес е подобра од онаа што ја работевме пред шест месеци. И работата што ќе ја работиме шест месеци од сега ќе биде подобра од онаа што ја работиме денес. Затоа што секој ден се будиме со чувство да служиме и создаваме за да можат другите да се заштитат себеси и да доживеат повеќе слобода и сигурност низ целиот свет.

 

Нашата цел е да работиме со клиенти кои веруваат во она во што веруваме ние, за да можеме сите да успееме да обезбедиме здрава и светла иднина.. Бараме партнери да стојат рамо до рамо со нас во потрага по истата цел.

 

Ви нудиме маски со највисок квалитет произведени целосно во Р.С. Македонија со сите гаранции и најпрестижните сертификати во Европа.NB CE 2890, CIS INSTITUT.

 

Нашите материјали ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет на светскиот пазар.

 

Гарантираме постојано производство и испорака во рекордно време.

СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НАШАТА ПЛАНЕТА

“How you treat the one reveals how you regard the many, because everyone is ultimately A ONE.” – Steven R. Covey

 

 

Во MOONLEX ја сакаме нашата планета. Како еден од нашите основни принципи, сакаме да изградиме бизнис што е климатски неутрален од првиот ден.

 

Со создавањето на нова компанија, климатската неутралност е само еден од многуте предизвици. За повеќето добавувачи ова е сеуште нова територија, и правењето работи на стариот начин (загадувачки) е многу полесно, а понекогаш и поевтино. Ние се трудиме да ги оствариме нашите верувања на кои се обврзавме воMOONLEX:

 

  • Се стремиме да користиме обновлива енергија во нашата фабрика и канцелариич
  • Користиме пакување за нашите производи и материјали за испорака што се рециклираат 100%;
  • Одговорно го рециклираме целиот отпад;
  • Користиме машини и опрема со најниска потрошувачка на енергија.

 

Живееме во период со рекордни температури, недостаток на вода што доведе до неуспех на посевите, уништување на шумите, исчезнување на животински видови, временски екстреми и климатски бегалци раселени од суша и поплави. Ова не може да продолжи – ние мора да поставиме курс за живеење во хармонија во границите на природата.

 

Веруваме дека светот мора да биде, а исто така и може целосно да се напојува со обновливи енергии до 2050 година – во некои региони и до 2030 година. Веруваме дека тоа треба да се направи врз основа на кружна економија, во која ќе има повеќекратна употреба на ресурси, заедничка стока и речиси никаков отпад. Нашата планета е богата со изобилна природа, чиста вода и витални ресурси, од кои сите се неопходни за опстанокот на идните генерации.

 

Кога користите MOONLEX заштитна маска за лице, Вие автоматски придонесувате за создавање на пазар кој обезбедува безбедни и квалитетни производи произведени на најеколошки одговорен начин.

ПРОИЗВЕДЕНО ВО ЕВРОПА

Европа е (негативно) позната по своите прописи, норми и правила, , но ние ова го претворaме во наша предност. Анализирајќи ја состојбата на пазарот за време на пандемијата „Ковид“ и низата регулативи за маски, согледавме дека најголем дел од заштитните маски не се во согласност со Европските и светски стандарди, односно само наликуваат на маски, додека заштитата скоро и да не постои.

 

Прописите за квалитет и безбедност постојат за да ги заштитат потрошувачите и да гарантираат верифициран квалитет. Затоа ние работевме напорно за да ја исполниме и почитуваме секоја важечка норма. Секаде во светот, произведено во согласност со Европските стандарди е симбол за највисок квалитет.

 

Сите продукти на MOONLEX се 100% произведени во Р.С. Македонија и поседуваат сертификат од НАНДО базата на Европската унија, CE 2890.